Мирните кучиња не мора да носат маска – а кој одредува кои се мирни кои не, никој не знае


Министерството за внатрешни работи го прифати барањето на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ сопствениците да не бидат обврзани да им стават маска преку муцката на неагресивните, мирни и социјализирани кучиња. Ова следува по јавното обраќање на здружението до министерката Гордана Јанкулоска лично да се ангажира околу толкувањето и примената на членот 29 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, според кој „граѓаните кои без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држат кучиња и други опасни животни, кои може друг да престрашат или да повредат, ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“.

Од „Анима мунди“ вчера испратија соопштение во кое го цитираат одговорот од МВР:

– Дозволете да се согласиме со вас дека на носење маска треба да се инсистира само во случаи кога кучето е со непредвидлив или агресивен карактер и кога може да предизвика опасност по луѓето и другите животни. Во тој контекст би сакале да Ви укажеме дека наш приоритет ќе бидат предупредувањата и опомените, а не санкционирањето – одговорил помошник-министерот за односи со јавноста при МВР, Иво Kотевски на писмото од Здружението.

kuce setaОд „Анима мунди“ искажуваат јавна благодарност до МВР, до министерката Јанкулоска и помошник-министерот Kотевски за разбирањето и поволниот одговор.

– Очекуваме дека по приложување на одговорот од МВР во Општина Аеродром и во полициската станица Аеродром ќе уследи корекција на Одлуката за задолжително носење маски на сите кучиња во општината, без каков било исклучок, односно дека ќе се овозможи шетање на мирните и неагресивните животни без маска, но со задолжителен надзор од нивните сопственици – велат во Здружението.

Минатата недела Општина Аеродром упати апел до граѓаните сите кучиња миленици задолжително да ги шетаат со маска и синџир, а во спротивно ќе следат казни.

Од МВР информираат дека во Скопје, од почетокот на годината, само четворица граѓани биле нападнати и каснати од агресивни кучиња, а во сите случаеви е поднесено соодветна пријава против сопствениците. Вкупно во 20 случаи биле поднесени прекршочни пријави од СВР Скопје, по истиот член.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1