Ако сакаат да си го вратат српското име кое насилно им го смениле – мора да платат 1000 евра


Србите во Албанија по децениска борба го добија правото да си ги вратат српските имиња и презимиња, присилно сменети со албански под режимот на Енвер Хоџа, но за тоа треба да платат 1.000 евра, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

eu albanijaПри тоа тие можат да го променат само името или само презимето, но не и двете. На тој проблем како еден од најдрастичните нарушувања на човековите права во Европа, обрна внимание невладината организација „Прогресивен клуб“, во својот годишен извештај за политичките права на Србите во регионот, додава весникот.

– Во Албанија Србите по документи се Албанци. Не можат да впишат националност Србин во граѓанските регистри – посочува организацијата во извештајот.

Првата позначајна придобивка на Србите во Албанија беше отвореното училиште на српски јазик во селото Хамил во јануари годинава, под влијание на Европската унија. Училиштето го посетуваат 60 деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1