Јапонци ќе снимаат филм за Македонија


Јапонска продукциска куќа започна со снимање на филм за Македонија. Како што пресува Охридњуз, филмот ќе биде со познатиот јапонски актер Seiichi Tanabe.

japonci1

Филмот за Македонија ќе биде емитуван на јапонската телевизија „FUJI“ прикажувајќи ја нашата држава како неоткриена туристичка дестинација која е потребно да биде посетена од јапонските туристи.

-Снимањето на документарно-играниот филм започна на 29-ти јули 2014 година и до сега опфати повеќе локации низ Македонија познати по својата убавина, историја, археологија, локални специјалитети, туристичка понуда и природни убавини, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Од таму нагласуваат дека нивните служби во континуитет работат на организирање, поддржување и реализација на проекти кои ја промовираат Македонија на светскиот туристички пазар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1