Мајката на убиецот на Тијана се заканува со самоубиство – добила налог за иселување


Макивија Ѓуриќ, мајката на Драган Ѓуриќ, кој призна дека ја убил Тијана Јуриќ, добила налог за иселување од куќата во која живее, дознава српски дневен весник Блиц.

Сопственикот на куќата од госпоѓата Ѓуриќ барал да ја напушти куќата што побргу. На прашањето што ќе прави сега, Макивија Ѓуриќ кратко одговорила: „На улица, а тука е и Сава…“ .

makivija-djuric-2-830x553

-Никаде не сум била. Куќата ја немам напуштено. Не смеам на улица за тоа што знам што ќе кажат луѓето за мене. Ќе покажуваат кон мене и ќе кажат: „Ова е мајка на убиец“. Јас тоа не можам да го поднесам… Ништо не можам да разбеарам… Вода е само за мене. Ќе скокнам во Сава, низ солзи говорела мајката на монструмот, Макавија Ѓуриќ.

Макивија (56) одбива да поверува дека нејзиниот син бил во состојба да направи ваков чин, бидејќи отсекогаш бил мирен и повлечен, но вели дека треба да ги сноси последиците ако навистина ја убил Тијана.

„Јас сум му мајка, но нека одлежи. Се што имав вложив во него, не знам што му се случи. Заедно се вративме од Зрењанин каде тој претходно отиде на одмор кај сестра му, а што правел во Бајмок не знам. Последните неколку дена беше тивок за разлика од порано, но кога го запрашав што му е одговараше „ништо мамо“, раскажува низ солзи мајката на осомничениот Драган Ѓуриќ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1