Таткото на Тијана: „Чувајте ги своите деца, јас моето го изгубив“


Таткото на трагично загинатата Тијана, Игор Јуриќ, ќе го посвети целиот свој живот на тоа никој друг да не доживее таков ужас.

tijana-juric-igor-juric-bajmok-01– Јас моето го изгубив и се надевам на најстрога казна за најзиниот убиец, па затоа сите вие соседи и пријатели чувајте ги своите деца, бидејќи, признавале ние или не, по нашите улици шетаат лудаци кои се подготвени за најлоши дела, кои мојата Тијана ги почувствува на своја кожа, изјавил Игор, за Bajmok.co.

Игор Јуриќ додал дека одсега па натаму ќе се бори никој друг родител да не доживее такво нешто.

– Мојот живот ќе биде мисија да се борам такво нешто да не преживее никој друг човек, бидејќи знам низ што се` поминав. Знам дека во таа мисија ќе имам поддршка и од мојот ангел, кој сите нас не гледа од горе. Нека не чува Бог, заклучил несреќниот татко.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1