Поевтино лекување за иселениците со странски пензии во Македонија


Иселениците од Македонија кои оствариле право на пензија во друга земја, сега ќе можат поевтино здравствено да се осигураат во Македонија, предвидуваат измените што ги воведува Фондот за здравствено, а ќе важи и за кочанската подрачна единица, информираше раководителот Лазар Настевски.

lekar44Досега иселениците кои оствариле право на пензија во странска држава, а кои имаат македонско државјанство, при привремен или траен престој во Македонија, плаќаа здравствен придонес со највисока стапка и поради тоа одбиваа да плаќаат здравствено осигурување и се лекуваа на приватно.

Само 105 вакви лица се пријавиле за здравствено осигурување. Тие во просек плаќаат здравствено осигурување од 10.000 денари секој месец, а највисоките придонеси се 13.560 денари.

Од оваа причина цената на здравственото осигурување за нив е намалена на 2.256 денари, со што се очекува да се зголеми бројот на осигуреници приматели на странска пензија, велат од Фондот.

Новина од Фондот за здравство има и за идните брачни двојки кои се лекуваат од стерилитет преку Ин витро методата. Досега овие осигуреници го купуваа материјалот од дарители за што плаќаа од 2 до 3 илјади евра. Отсега тоа ќе можат да го направат со сопствен материјал, информираат од Фондот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1