Повредениот комита Турчин: Не ми е жал за раката ако спасив други


Најтешко повредениот навивач на Вардар, Горан Николовски – „Турчин“, прв пат по инцидентот во Битола самостојно се обрати до јавноста преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, инсистирајќи и натаму дека бомбата се нашла во неговата рака откако била фрлена од полициаец.

navivaci1– Една недела од несреќата! Бомбата пукна на висина од 1,85 метри и предизвика повреди и изгореници кај дваесетина луѓе! Што ли ќе се случеше ако експлодираше на бетонот, не сакам да помислам, а можеме само да претпоставиме. Доколку спасив барем еден туѓ прст со мојата постапка тогаш воопшто не ми е жал за моите изгубени три,- напиша Николовски.

Тој воедно се заблагодари на големата поддршка од луѓето, кои за разлика од минатото овој пат гледаат жртви на полициската бруталност во натепаните и осакатените навивачи, додека внатрешната полициска контрола утврдила само дека полицаецот не знае како ја изгубил шок-бомбата. Навивачката група „Комити“ побара објасснување според кои светски искуства навивачите присилно се бркаат од стадионот пред крај на натпреварот, кога за истиот имале уредно платено влезница, пренесува Дерби.мк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1