Таа е најстарата жена на „сите времиња“ има 127 години, 73 правнуци 55 праправнуци.
Мексиканката Леандра Бецера Лумбрерас пред два дена наполнила 127 години а со тоа таа ја добива титулата: најстарата жена на „сите времиња“.
Леандра обожува да спие а понекогаш спие дури и по три дена, но кога е будна, таа обожува да јаде, да зборува и да пее приспивни песни.
Тајната на нејзината долговечност, како што тврди таа лежи во квалитетниот сон, чоколадите и здравиот однос со семејството.
Леандра е родена на 31 август 1887-ма година, што значи дека имала точно 27 години кога започнала Првата светска војна, а веќе била пензионер кога кралицата Елизабета дошла на престолот и дури 87 години кога човекот за прв пат стапна на Месечината.
Леандра била и револуционерка во Мексиканската Револуција од 1910-та го 1917-та година и ја предводела група жени под името “Adelitas” кои оделе во борба заедно со своите мажи.
Оваа жена отсекогаш била добар борец на секое поле. До пред две години одлично шиела и ткаела, а најголема трагедија на нејзиниот живот е што ги надживеала пет свои деца и неколку внуци.