Чудна одлука: Малезија Ерлајнс за да ја избегне Украина лета преку Сирија каде има војна


Авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ го пренасочила летот на рдовната линија од Лондон кон Куала Лумпур наместо преку Украина, што била вообичаена рута, преку Сирија, покажуваат податоците од сајтот „Флајтрадар 24“.

Откако е соборен малезискиот патнички авион на летот МН17 над источна Украина, авиокомпаниите почнаа да го избегнуваат воздушниот простор каде се водат борби меѓу украинската војска и проруските сили.

malezija--boingПромената на рутата сведочи за проблемите кои ги имаат авиокомпаниите при пронаоѓањето на безбеден коридор на фреквентните рути меѓу Азија и Европа, оценува Ројтерс.

Стотици летови се одвиваа преку Украина пред трагедијата и не е невообичаено мѓународните авиокомпании да летаат преку воени зони како што се Сирија или Авганистан.

Американската федерална служба за авијација, чија регулатива е меѓу најстрогите во светот, во мај издаде препорака за американските оператори да не летаат од Сирија или над нејзината територија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1