Сок од компир против чир во желудникот


Научник од Универзитетот во Манчестер за лековитите својства на компирот дознал од бабата на нејзиното момче.

Таа открила дека компирите содржат уникатни антибактериски молекули кои можат да се користат при третман на чир во желудникот. Членовите на микробиолошкиот тим од Универзитетот по испитувањето се надеваат дека супстанцата која се наоѓа во сокот од компирот може да се искористи за производство на додаток во исхраната.

Во истражувањето тимот открил дека клучната молекула може да го излечи но и да спречи појава на чир, односно да ја убие бактеријата што живее во желудникот која е и причина за негова појава.

За разлика од другите антибиотици оваа бактерија не може да развие отпорност на сокот од компирот и исто така не предизвикува никакви несакани ефекти.

Процесот на екстракција на се уште неименуваната молекула е веќе патентиран и научниците се надеваат дека истата ќе биде продавана како додаток сличен на пробиотскиот јогурт.

Иан Робертс, професор по микробиологија на факултетот за животни науки, кој исто така работел на истражувањето вели: „Еден од нашите соработници имаше неделен ручек кога бабата на нејзиното момче изјавила дека користела компири за да го излечи чирот во желудникот“.

Потоа таа отишла во големиот маркет да купи компири и почнала да ги испитува во лабораторијата.

– Кога прв пат слушнав за идејата за употреба на компири при третман на желудочен чир морам да признаам дека бев малку скептичен. Но сепак не бев изненаден – многу растителни продукти имаат доста интересен состав кој ние треба само да го испитаме, раскажува Иан.

– Сокот од компир го гледаме како превентивна мерка за да се спречи појавата на чир со што луѓето би го користеле како додаток за здрав живот, вели тој.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1