За изградбата на Панорамското тркало во центарот на градот од Агенцијата за електронски комуникации ќе бидат донирани еден милион евра ![]()

АЕК ќе му донира точно 61,5 милион денари на Јавното сообраќајно претпријатие за реализација на реквизитниот објект што треба да се издигне помеѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“. Според договорот, изградбата треба да заврши за пет години, а во неа ќе се наоѓаат кафетерија, ресторан и продавница за сувенири.
Височината на Панорамското тркало треба да биде 73 метри со дијаметар од 57 метри, а ќе содржи 30 кабини во форма на гондоли. Вкупната вредност на проектот изнесува 18,3 милиони евра.









