Купи камен за илјада долари и прекуноќ ќе се збогатиш


Продажба на виртуелен камен на мудроста што ќе ве збогати и андроид-полиција што ќе ве заштити од прислушување на вашиот телефон од страна на која било безбедносна служба во светот се најновите измами што деновиве кружат низ Балканот. Официјално пред да бидат обелоденети, осуммина се фатиле на јадицата и платиле по илјада долари, пренесуваат белградските медиуми. Измамникот не е фатен.

![754]Гатање, лажни ветувања за специјализации, вработувања, сертификати, ослободување од затвор, лекувања и продажба на непостоечки станови и лоши производи се дел од оние измами што Македонците што не се срамат оти наседнале на нив ги пријавуваат во полиција. Во овие случаи измамите вредат и до неколку илјади евра. Пред две години МВР регистрирало 661 измама, во кои биле фатени 672 измамници. Најсветлиот пример од нив е Бобан Насев, кој претставувајќи се како директор на разни државни институции и телекомуникациски компании лани успеа да измами десетина граѓани, нудејќи им разновидни услуги, за кои зел неверојатни 40.000 евра. Во октомври беше осуден на четири и пол години затвор.

Нема човек што некогаш во животот не бил измамен, велат психијатрите, без разлика дали станува збор за неправедна детска делба на бонбони или, пак, измама вредна десетици илјади евра. Измамниците ја користат слабоста на граѓаните наречена линија на помал отпор, велат експертите.

Каменот на мудроста

Замислете апликација што за 999,9 долари може да ја инсталирате на вашиот мобилен телефон. Веднаш потоа магијата почнува, барем така тврди личноста што ја продава оваа измама, на која се фатиле осуммина лековерни. Ако секојдневно гледате во неа, каменот ќе привлечел големо богатство. Веќе следниот ден апликацијата била симната од продажба, а измамникот исчезнал со парите.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1