ОБСЕ потврди дека три масовни гробници, наводно со многу тела, се пронајдени во близина на Доњецк во источна Украина. Две од телата веќе се идентификувани. 3 необележани гроба, кои наводно содржи повеќе тела; две од нив се најдени во рудникот за јаглен Комунар, кај селото Нижнија Кринка, 35 километри североисточно од Доњецк, а едно во самото село“, вели ОБСЕ во својот извештај.
Организацијата вели дека пристигнале на местото и виделе „две области на 50 метри една од друга, во кои имало по две човечки тела“, сите четири во фаза на распаѓање.
Идентитетите на двајца луѓе веќе се утврдени: еден од нив е борец од т.н. сили за самоодбрана, а другиот е локален жител, роден во 1957 година, соопшти ОБСЕ.
Пронајдени се остатоци од девет лица, но некои руски медиуми објавија дека се “стотици” , додека истовремено про-руските сили и украински војници си разменија обвинувања, обвинувајќи се едни со други за убиствата.
Лидерот на самопрогласената република Донецк Александар Захарченко ја вознемири јавноста со информации дека на телата пронајдени во гробниците им недостасуваат некои од внатрешните органи, и дека не е сигурно дали биле отстранети додека се уште били живи луѓето, претставници на локалните власти брзо ја негираа вистинитоста на овие тврдења.