Почина навивач во Грција, прекинати сите натпревари


Во текот на вчерашниот ден почина Костас Кацулис кој пред 15 дена беше претепан на Крит за време на одигрувањето на натпревар во рамките на третата фудбалска лига.

Смртта на Кацурис беше предизвика жестока реакција во јавноста на нашиот северен сосед, а Владата во Атина донесе одлука за одлужување на сите натпревари.fudballl-500

– Владата објавува војна против хулиганите, изјави тамошниот министер за спорт Јанис Адријанос и додаде дека следуваат мерки и ригорозни санкции за следните испади на спортските терени.

Адријанос верува дека државата може спортските арени да ги направи безбедни места за посетителите.

– Грција е одлучна во намерата еднаш засекогаш да расчисти со хулиганите и да ги направи стадионите безбедни и за оние кои доаѓаат да гледаат спорт. Криминалците, психопатите и хулиганите ќе бидат поставени на местото на кое припаѓаат и нема веќе да се толерира нивното дивеење на стадионите, потенцира грчкиот министер за спорт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1