58-годишниот рудар Н.М. тешко е повреден во една од јамите на Добрево од злетовските рудници, со кои стопанисува индиската компанија Индоминерали.
Според потпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова кај нив несреќата била пријавена во 7 часот. Тешко повредениот рудар кој имал скршеници на нозете бил однесен во пробиштипската, потоа во штипската, а оттаму поради сериозноста на пворедите е префрлен на скопската клиника.
Рударски инспектор ги испитувал причините за несреќата која е втора за изминатите 10 дена и тогаш беше повреден рудар кој доби скршеници на нозете поради одрон на руда во една од јамите на Добрево.