НБА кошаркарот осуден: 3 месеци ќе лежи во затвор во Гевгелија – Измамен сум, тврди тој


Денеска во гевгелискиот суд, Дејан Котуровиќ е осуден на три месечна затворска казна, за фалсификување исправа.

Тој е обвинет дека влегол во Македонија со автомобил кој бил пријавен за украден во Бугарија и на кој биле сменети сериските броеви на моторот и шасијата и внесени и внесени во фалсификувани документи, кои тој и ги приложил на полицијата на граничниот премин Богородица.

Котуровиќ во своја одбрана изјавил дека незнаел дека станува збор за украдено возило и дека е жртва во овој случај. Тој рекол дека автомобилот го купил во Белград од продавач на половни автомобили и од кого ги добил фалсификуваните документи. Како што изјавил тој, со возилото патувал во повеќе земји од Европа, и тоа било доказ дека не е виновен.koturovic-630x420

Котуровиќ мирно ја прими пресудата но неговото незадоволство беше повеќе од очигледно.

-Ова е срам за судството во вашата држава, прокоментира кратко додека затворските полицајци го внесуваат во службеното возило со кое го вратија во затворот.

Судскиот процес со одржа во едно рочиште а со него претседаваше судијата Благица Миладиновска Цонева која на Котуровиќ сепак му ја изрече минималната казна која е предвидена во Кривичниот законик.

За кривичното дело за кое беше обвинет македонскиот Киривичен закон предвидува затворска казна од три месеци до пет години, така да на судијата Цонева беше да одлучи дали ќе го ослободи од вината или пак ќе го прогласи за виновен

Од она што можеше да се заклучи во текот на процесот е дека Котуровиќ е жртва на локални криминалци од Белград кои му го подметнале украдениот автомобил,за кој платил 13 илјади евра во кеш, но сепак вината е негова бидејќи не го проверил потеклото на возилото ниту пак барал детални информации или дополнителна документација, пренесува Вечер.

Koturovic-624x534Тоа го потенцираше и самиот тој во својот исказ во кој побара од судот да биде ослободен или казнет парично бидејќи единствената негова вина е неговата навиност и невнимателност. Затоа по втор пат има проблеми со измамници и криминалци кои го чинат стотици илјади евра.

-Не сум виновен, но одговорен сум за мојата навиност и невнимателност. Таков е мојот карактер. Можете и сами да се уверите, пред неколку години бев жртва на лажен банкар кој ми украде 500 илјади долари. Тоа го има и во медиумите. Ве молам да не ме гледате како криминалец. јас сум спортист. Од спортот успеав да создадам за да живеам многу добро. немам зошто да се бавам со криминал. Смешно е дека јас сум фалсификувал документи за да можам да возам украден џип, рече Котуровиќ.

Пред судскиот совет во детали објасни како го зел џипот, но и дека со него патувал низ повеќе земји од ЕУ што според него е само доказ дека не знаел оти џипот бил украден а тој измамен.Сепак не можеше да презентира никаков доказ околу трансакцијата за џипот ниту пак за идентитетот на лицето кое му го продало.

– Возилот го купив преку посрединк, на оглас. Му се јавив, се викаше Милош но презимето не му го паметам, и му кажав што ми треба. Џипот го добив и го платив 13 илјади евра во кеш. Ми го донесе со полномошно од бугарски државјанин. Имам италијанско државјанство и затоа не сакав да го регистрирам на српски таблички. Затоа и не се брзав со документацијата. Договор за купопродажба немам бидејќи не ми го дадоа во моментот. Не ми се брзаше и затоа и не го барав, објаснуваше тој.

На крајот тој побара да биде ослободен од вината.

– Барам да ми верувате. Минав 18 дена во притвор но сакам на слобода. Ве молам да ме казните условно за мојата неодговорност и невнимание. Сакам на слобода и да си заминам дома. Очигледно е дека немам никаква врска со кражбата или со вистинските виновници, побара Котуровиќ.

Од друга страна пак во текот на процесот беа презентирани докази кои потврдија дека сите документи кои ги поседувал Котуровиќ се фалсификат. Истрагата на МВР, бугарската полиција и ИТНЕРПОЛ покажала дека автомобил бил украден на 19 јануари а кражбата била пријавена во две полициски станици. Полномошното пак кое го поседувал Котуровиќ и кое го дал на македонските полицајци била направено ден потоа, на 20 јануари, и гласело на име на буграски државјанин. Вештачењето пак покажало дека ВИН бројот на џипот, односно идентификацискиот број, е сменет и дека е претходниот бил машински избришан и втиснат нов. Слично е и со документите кои тој го носел со себе бидејќи било очигледно различни од оригиналните и на нив биле внесени фалсификувани сериски и ВИН броеви. 

Апелација добива жалба

Адвокатите на Котуровиќ најавија дека пресудата ќе ја обжалат во најкус можен рок во скопската Апелација.

– Мојот клиент е очигледна жртва а не виновен во овој случај. Судијата требаше да донесе ослободителна пресуда. Оваа пресуда каква што е и со тие докази ќе ја обжалиме по сите основи, рече адвокатот Петар Самаков.

Немам никакви проблеми, читам и пишувам

Затворскиот живот е нешто ново за Котуровиќ и за него вели дека е искуство во животот. Немал никакви проблеми во затворот а времето го минувал читајќи и пишувајќи.

– Што правам? Читам и пишувам. Прочитав шест книги досега. Ова е нешто ново за мене, не велам дека е позитивно но сепак е искуство во животот. По ова се надевам дека ќе научам дека не треба да верувам секому и дека треба да внимавам. Немам никакви проблеми но не е убаво, вели тој.

Кошарката е минато им помагам на луѓето

Котуровиќ е дел од златната генерација на српската кошарка која ги освои сите можни првенства и ги осови светското, олимпиското и европското злато. “ВЕЧЕР“ успеа да поразговара со него и на таа тема. Вели дека со спортот завршил и дека сега работи како мотивациски инструктор.

– Им помагам на луѓето кои имаа проблеми. Ги мотивирам но и ги лечам од депресија и анксиозност. Тоа е сега мојата професија, вели тој.

Во својата богата кариера Котуровиќ настапуваше за екипите на Партизан, Тау Керамика, Виртус Болоња и НБА тимовите Бостон Селтикс и Фенкис Санс.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1