Емисијата „Фикс фаре“ на најгледаната тиранска телевизија „Топ-чанел“, која до сега има откриено низа афери, во последното издание открива скандал за тоа како наводните хуманитарни, невладини организации кои „се грижат за деца без родители“ добиваат средства со измама и како се бара сексуална услуга во замена да се добие признаен од државата статус на сирак.
Истрагата почнала по добиените информации за активноста на организацијата „Сираците во фокусот“. Обвинувањата за начинот на злоупотребата биле многубројни, но најтешко било она за сексуалното искористување на сирачињата од страна на првиот човек на асоциjацијата Максим Личо, за што, во замена, требало да им помогне да добијат статус на сирак.
Во емисијата како наводен сирак се вметнува 17-годишно момче од Саранда. Најпрво тоа комуницира со Личо преку социјалната мрежа „Фејсбук“, при што Личо сексуално го предизвикува и му ветува помош. Истото му се случува и на новинар на „Фикс фаре“ кому преку „Фејсбук“ на истата личност ~ се претставува како 16-годишник. Понудата за пријателство веднаш била прифатена од Личо, а потоа следувале лајкови на допаѓање на сите фотографии на наводното момче.
По комуникацијата на „Фејсбук“, на првата средба пред канцелариите на организацијата, на момчето му рекол дека треба да донесе документи за да го евидентира како сирак, а му го дал и бројот на мобилниот телефон, во случај на потреба. Kога момчето дошло во канцелариите каде што биле и другите вработени, тој му побарал и други документи со образложение дека ќе го запише на некој колеџ бесплатно за да го продолжи школувањето.
Притоа, тој го поканил момчето во својот стан, ако нема каде да преспие, а му напоменал и дека може да доаѓа и во иднина кога ќе посака. Во разговорот му се обраќа со срце, му кажува дека е сам и дека неговото семејство живее во Пермет, од каде што и потекнува. На крајот му вели дека ќе биде опсипан со секс, љубов и пари, а кога момчето му се заблагодарува, Личо го замолува сето тоа да остане тајна. Целиот тек на настанот телевизијата го има снимено, а ова е само дел:
Личо: Ајде да видиме, ако е навистина така, јас ќе те чувам како капка вода со безграничен секс и љубов и многу пари.
Момчето: Ви благодарам.
Личо: Заради што благодарам? Јас сакам само голема тајност. Според извештајот на народниот правобранител од 2013 година во Албанија има околу 31 илјада деца сираци
Уапсен „хуманитарецот“
Албанската полиција вчера го уапсила Максим Личо, првиот човек на наводна хуманитарна организација која се грижи за деца без родители – „Сираците во фокусот“. Тој е уапсен заради педофилија, односно, основаното сомневање дека сексуално ги искористувал сирачињата на кои им ветувал дека ќе добијат и правен статус на сирачиња.