Маж со симтоми слични на инфицираност со смртоносниот вирус ебола е примен на универзитетската клиника „Хауард“ во американскиот главен град Вашингтон.
Пациентот, кој неодамна допатувал од Нигерија, е во стабилна состојба и ставен во карантин, изјави портпаролката на клиниката.
Таа додаде дека неможе да даде повеќе детали за пациентот, затоа што нема право да открива негови лични податоци.