Хирург од Прилеп уапсен – примил поткуп


Прилепскиот хирург М.Н. (61) заради сомнежи дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање поткуп“ заврши во осумдневен притвор, кој му го изрече судија на прилепскиот основен судmito lekar

Осомничениот, кој е вработен како доктор специјалист хирург, како што информираат од СВР Битола, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати, злоупотребувајќи ја својата службена положба, за службено дејствие кое морал да го изврши – лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и постоперативни контроли, врз пациент од болницата.

Тој побарал и примал парични средства во вкупен износ од 24 илјади денари, како и парични средства во вкупен износ од 12 илјади денари, во текот на контролите во месеците февруари, март, април и мај 2014 година, со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 36 000,оо денари.

По наредба од ОЈО Прилеп, полициски службеници со потврда од пријавениот одзеле една банкнота во апоен од 100 евра, кои претходно биле криминалистички обработени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1