Од утре дождливо време – стабилизација од среда


Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и западните делови. Во северниот дел од земјава ќе има подолги сончеви периоди, а врнежи во овие денови се очекуваат во попладневните часови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 13 до 19 степени.Oblaci

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, особено во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

В понеделник и вторник ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а повеќе врнежи се очекуваат претпладне. Потоа следува период на стабилно и суво време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1