Педесетина минути по полноќ, вчера избувнал пожар во еден од дуќаните наоѓаат на Градскиот плоштад во Пробиштип.
Од пожарот биле зафатени 3 дуќани од кои една слаткарница, продавница за чевли и земјоделска аптека.
– По дојавата за пожар територијалната противпожарна единица беше активирана и за кратко време со три возила и осум пожарникари пристигнавме на местото на настанот. Пожарот кој имаше поголеми размери го локализиравме за еден час и не дозволивме негово ширење на околните дуќани, изјавил Васе Митрев, командир на ТППЕ на Пробиштип.
Пожарот бил забележан од вработените и тоа во нивните простории.
– Дваесет години работам во овој дуќан и вакво нешто досега не се има случено, изјавил Николовски.
На местото на настанот се наоѓаат увидни екипи кои ја проценуваат настаната штета.
Сопствениците на трите опожарени дуќани сметаат дека штетата е мошне голема.