Возилата со ЕУРО 1 и ЕУРо 2 стандард на моторот ќе мора да стават катализатор, ако анализите покажат дека тие загадуваат.
Министреството за економија сеуште ги чека резултатите. Ако тие покажат дека загадувањето од овие возила е големо, најверојатно оние кои ги користат ќе мора да стават катализатор. Министерот Незири за АЛСАТ- М изјави дека трошокот за уредот е минимален.
Иако во повеќе земји меѓу кои и Албанија, за постарите возила цената на регистрација е повисока, кај нас не се воведени вакви мерки, изјави Незири. Откakо во 2010 година се дозволи увоз на половни возила од странство, во змејава со еуро 2 стандард внесени се околу 180 илијади автиомобили.
Пред извесно време владата одлучи да го стопира узвозот на половни возила со ниски еколошки стандарди. Автомобили со ЕУРО 2 еколошки стандради ќе можат да се внесат во зејава до крајот на годинава, а со ЕУРО 3 ќе се увезуваат најдоцна до крајот на јуни следната година. Од први јули 2015 ќе, можат да се носат возла од странство, само ако тие ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.