Таткото на убиената Ивана: „Судот нека му суди, но јас ќе бидам неговиот џелат“


Нема да умрам се додека на убиецот на моето дете не му се пресуди за тоа што го направи. Имам доверба во државата и во судот, но не ме интересира колкава казна ќе добие, бидејќи судот ќе му суди, но јас ќе бидам неговиот џелат.

Ова низ солзи за српски Курир го изјавил Драго Подрашиќ, татко на  Ивана, која на 31.јули брутално беше силувана и убиена од страна на монструмот Дарко Костиќ.tatkoto-na-ivana500

Иако телото на Ивана беше пронајдено закопано во близина на напуштена куќа на 2.октомври, нејзините родители одбија да ја прифатат болната вистина дека тоа е телото на нивното чедо.

– До последниот момент се надевавме и верувавме дека Ивана е жива и дека ќе се врати. Не сакавме да поверуваме дека е пронајдено нејзиното тело, бидејќи на почеток тоа беа само претпоставки. Се надевавме се до последен момент дека тоа не е Ивана, се додека не пристигнаа резултатите од ДНК анализата. Сега подготвуваме погреб, рекол таткото Драго.

Тој посочил дека веќе нарачал сандак и крст за неговата ќерка, но дека се уште не знае каде ќе ја погребат, бидејќи на гробиштата во Батајница им рекле дека нема место.

– Ивана е родена во Батајница каде што и порасна и сакаме да почива тука. Нема да ја закопаме на некои други гробишта, бидејќи сакаме да биде бизу до нас. Се надевам дека надлежните ќе ни дозволат нашето чедо да го закопаме достоинствено на овие гробишта, инаку ќе бидам приморан да ја закопам во Босна, од каде што јас потекнувам, или ќе ја закопам во сопствениот двор, рекол тој.

Неутешниот тако рекол дека Ивана била неговата ќерка миленичка, и дека била тврдоглава и горда, баш како него. Тој додал дека со семесјтвото живееле во тешки услови и дека Ивана планирала да замине и да го среди својот живот, но за жал не успеала во тоа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1