Маслото поскапo за 3,5%, а јајцата за 1,7 %


Трошоците на живот во септември годинава во споредба со септември лани се намалени за 0,7 проценти, а цените на мало за 1,8 проценти.   Според Државниот завод за статистика на Македонија во септември во однос на август годинава трошоците на живот се непроменети, а цените на мало се пониски за 0,5 проценти.zejtin

Статистичарите забележале и движење на цените во подгрупите, особено пораст е евидентиран кај маслото и маснотиите за 3,5 проценти, но и кај јајцата за 1,7 проценти.  Пораст имало на цените и на: внатрешните органи за 0,8 проценти, конзервираните месни производи и сувото овошје за 0,6 проценти, сувомеснатите производи и преработките од млеко за 0,5 проценти, полутрајните колбасичарски производи и киселото млеко за 0,4 проценти, лебот и белите печива, свежото месо и свежото млеко за 0,2 проценти.

Државниот завод за статистика, регистрира и пораст на трошоците на животот во септември, во споредба со август, е забележан кај телефоните и факс апаратите за 10,4 проценти, финансиските услуги за 9,4 проценти, средствата за чистење и одржување на стан и цврстите горива за 1,3 проценти, средствата за лична хигиена за 0,6 проценти и велосипедите за 0,3 проценти.

Намалување на трошоците на животот во септември, во споредба со август годинава, статистиката регистрира кај другите неспомнати прехранбени производи за 1 процент, безалкохолните пијалаци за 0,3 проценти, рибата, шеќерот, џемот, медот, чоколадите и кондиторските производи за 0,2 проценти.  Намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 13,3 проценти, течните горива и мазива за 2,1 процент, гасот за домаќинствата за 1,2 проценти и лековите за 1 процент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1