Тим истражувачи потврдија дека коските пронајдени во кралскиот гроб во Кутлеш навистина припаѓаат на Филип Втори Македонски, таткото на Александар Македонски
Академците расправале за коските од годината кога гробот бил откриен (1977). Тогаш биле откриени споменици и три гробови. Во првиот гроб се наоѓало тело заедно со уметничка слика, додека вториот гроб не бил анализиран, а во него се наоѓале кремираните остатоци од машки скелет и кремираните остатоци од жена. Во гробот имало сребро, злато, бронза, оружја и штитови.
Истражувачите го потврдиле идентитетот на кралот врз основа на доказите за повреди на телото кои ги претрпел Филип Втори Македонски за време на животот.