Жешка атмосфера вечерва во Тетово по инцидентот кој се случи на мечот меѓу Србија и Албанија во Белград.
-Наши читатели јавуваат дека поголем број Албанци се на улиците а многумина возат со автомобили низ градот, свират со сирените и веат албански знамиња. За среќа, за некакви инциденти нема засега информации од полицијата, пишува порталот Пресс 24.
Жешка атмосфера вечерва во Струга. Албанците со запалени факели слават.
Прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија нема да се доигра утре, откако гостинската делегација веќе се упатила кон аеродромот во Белград за што поскоро да се врати во татковината. Иако при ваков вид на прекини вообичаено е мечот да се доигра во следниот ден, без присуство на гледачи, овојпат тоа нема да се случи откако делегатот Хари Вим од Холандија не дал точни директиви за тоа кои би биле следните чекори на УЕФА.
Очигледно е дека самиот Вим бил вчудовиден од самата ситуација па не сакал да донесе никаква одлука без „консултација“ со своите шефови, а Албанците го искористиле ова и веднаш по напуштањето на стадионот се упатиле кон аеродромот, каде со чартер-лет ќе се упатат кон Приштина.