Кичево, Гази Баба и Лисиче најзагадени општини. По последното мерење вечерва во 20 часот, индексот на загадување со честичките ПМ10 е многу високо. Тие се 6 до 8 пати над дозволената граница.
Загадувањето е големо и во Центар, Карпош, Миладиновци, Кочани, Кавадарци, Битола, Велес.
Во овие општини присуствтото на овие честички е 3 до 5 пати над граничните вредности. Засега нема став на надлежните институции кои мерки ќе бидат преземени за заштита на граѓаните.