Радикалните исламисти, освен манастирот Високи Дечани, нападнале и еден од најголемите српски манастири на Косово и Метохија, Печката Патријаршија.
Албанските вахабисти викале и го навредувале сестринството, главно старици од 70 до 90 години. Поголем инцидент спречила полицијата која ја чува Патријаршијата.
Истрагата за нападот е во тек, како и за случајот во Дечани, чие сквернавење продолжило и вчера со испишани терористички пароли ИДИЛ и на влезната врата АКСХ.
Приведен е вахабистот Мухамед Беќири (22), од порано познат по екстремното однесување и одреден му е притвор.
Радикалните исламистички екстремисти се обучени на боиштата на Блискиот Исток и предизвикуваат инциденти во врска со ветераните на ОВК.
Вахабистите водат света војна против неверниците, против сите оние кои не се муслимани.
Албанците тоа сега го користат за напад врз се што е српско, дури и светилишта кои се под заштита на Унеско.