Позната манекенка во кома откако ја удри автобус


Популарна манекенка настрада во страшна несреќа.

Манекенката Ана Мариа Мостром падна во кома откако ја удри автобус додека возеше велосипед низ улиците во Њујорк. Убавицата се здоби со тешки повреди на мозокот по падот на плочник.

1bus.jpg500

29 годишната манекенка не носела кацига, а моментално се наоѓа на интензивна нега во болницата „Cornell“ во Њујорк.

– Автобусот ја удри толку силно што веднаш падна во кома. Се надеваме на чудо, иако докторите рекоа дека шансите се многу мали, велат членовите на семејството.

Мостром за првпат со својата убавина се истакна на натпреварот „Sweden Next Top Model“ во 2005 година. Оттогаш се пресели во Лос Анџелес каде носеше модели на најпознатите креатори како Оскар де ла Рента и Роберто Кавали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1