Шелби Мањани заминала во болница откако чувствувала големи болки во стомакот, а цела болница се шокирала од она што понатаму се случило.
Имено, при прегледот тие откриле дека Шелби всушност е бремена и добила породилни болки. За чудото да биде уште поголемо, таа носела близнаци!
Веднаш била однесена во родилна сала и двете бебиња Ава и Ана биле родени со помош на царски рез.
Бидејќи бременоста траела само 6 месеци, никој не очекувал дека бебињата ќе преживеат. Ава тежела 1,8 килограми, а Ана 1,3 килограми.
Но двете девојчиња се бореле за живот и сега се во добра состојба, па се очекува за неколку недели да си одат дома.