Живот згаснат на автопат – славни кои загинаа во сообраќајни незгоди (Фото)


Трагедијата на актерот Пол Вокер е само уште една во низата на несреќи во кои познати личности го загубиле животот на патиштата.
Пол Вокер , ѕвезда на  ” Брзи и бесни ” имаше 40 години.Во слични несреќи животите ги загубија Џејмс Дин, Грејс Кели , принцезата Дијана, Тоше Проески, Љубиша Стојановиќ Луис, Силвана Арменулиќ,  Дражен Петровиќ …

silvana-armenulic-tose-luis-kombo-1385989764-406475
Тоше Проески
Несреќата , во која настрада македонскиот пејач Тоше Проески се случи 2007 . на патот Загреб – Липовац . Во времето на несреќата пејачот беше на совозачкото седиште . Имаше само 26 години.

spek-tose

Сашка Петковска – Липша

Популарна македонска и југословенска пејачка. Таа била и член на познатата група „Македонија“. Загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1983 година, патувајќи на концерт во Свети Николе.

сашка-петковска

Никола Младенов,

Еден од најпознатите македонски новинари и сопственик на неделниот и на дневниот весник „Фокус“, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Скопје, во близина на клучката кај скопската населба Хиподром. Тој со возилото „мерцедес“ излетал во ендек надвор од автопатот.

mladenov6

Дражен Петровиќ
Дражен Петровиќ,  хрватски кошаркар , загина во сообраќајна несреќа во Германија 7 јуни во 1993 година. Загина враќајќи се од натпревар. И тој бил на совозачкото седиште, а според информациите во времето на несреќата спиел. Автомобилот го управувала неговата девојка – удри во камион, таа преживеа.
drazen-petrovic-1370550919-321825
Луис
Љубиша Стојановиќ Луис, пејач, почина 31  јули 2011 во близина на селото Фекетиќ . Автомобилот кој го управувал самиот тој, од непознати причини преминал на спротивната страна и се судрил со друг автомобил.
luis-1384214394-395809
Џејмс Дин
Американскиот актер , синоним за златниот период на Холивуд и вечен бунтовник, имаше само 24 години, кога почина на 30 септември 1955 година.  Загина во своето омилено Порше Спајдер на прав пат во Калифорнија. Несреќата се случила поради брзо возење, и возилото кое доаѓало од спротивната насока и одело директно кон глумецот. За да избегне судир Дин нагло го свртел автомобилот при што се превртел. Другото возило го управувал студент.
james-dean_100396058_mГрејс Кели
Актерката и принцеза од Монако почина на 13 септември  1982 година.  Во времето на несреќата автомобилот го управувала нејзината ќерка Стефани, која ја преживеа несреќата. Актерката бил однесена во болница, но починала од повредите следниот ден.

grejs-keli-1385985070-406401Принцезата Дијана
Принцезата од Велс ( 36 ) почина на 31 август 1997 година. во несреќа  во Париз. Бегајќи од папараци возилото во кое биле таа и нејзиниот вереник  Доди Ал Фајед се заби во столб во подземен тунел во Париз.

princeza-dajana-1380925774-376219
Ена Беговиќ
Хрватската актерка Ена Беговиќ (40) почина на 15 август 2000 година,  на островот Брач . Возилото во кое се наоѓала актерката слета од патот и се превртело. Во несреќата била сериозно повредена и мајката на актерката​​, додека нејзината едномесечна ќеркичка минала со полесни повреди.
ema-begovic-vikipedija-1385989200-406471
Силвана Арменулиќ
Пејачката Силвана Арменулиќ почина на 10 октомври 1976 година. во сообраќајна несреќа на автопатот Белград- Ниш. Загина и нејзината сестра Мирјана и Раде Јашаревиќ , шеф на Народниот оркестар RT Белград, кој го управувал автомобилот.
silvana-armenulic-1376694273-353569Дражен Ричл
Пејач на сараевската група Црвена јабука , на 18 септември 1986 година доживеа сообраќајна несреќа додека одел на концерт во Мостар. Со тешки повреди бил префрлен во Белград во ВМА, но две недели подоцна, на 1 октомври  1986 година, почина .

drazen-ricl-vikipedija-1385987959-406463
Долорес Ламбаша
Хрватската актерка Долорес Ламбаша (32) почина на 23 октомври 2013  во несреќа со автомобил во близина Славонски Брод. Зад воланот бил нејзиниот колега, актерот Стојан Матавиљ , кој беше полесно повреден.
doloresnesreca
Драган Манце
Фудбалер Драган Манце загина во сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Нови Сад, делот кој поминува низ Земун, во својата 23 година.dragan-mance-foto-partizan-1378194536-360701

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1