Исламски милитанти на плоштадот во центарот на Рака, распнале и јавно убиле тинејџер, бидејќи недозволено фотографирал штаб на ИСИС во Сирија, со што уште еднаш ја запрепастија светската јавност.
Наводно момчето било забележано како продава фотографии од милитантите по цена од 500 турски лири, што предизвикало бес кај терористите кои го оставиле да виси на крст цели три дена. На една од фотографиите кои што на социјалните мрежи ги објавија група храбри активисти, кои се против ИСИС, несреќниот тинејџер на вратот има плакат на кој пишува дека е обвинет поради тоа што ја напуштил сопствената религија.