Леталото во облик на диск во ноември 1966 година загуби контрола над селото Оточец во Словенија во тогашна Југославија. Леталото удри во земја и експлодира. Од остатоците од леталото е извлечено телото на вонземјанин , кое било делумно запалено и пренесено веднаш на ВМА во Белград. Таму е направена обдукцијата.
Видеото и сликите од аутопсијата на посетителот која наводно е направена во белградската Воено медицинска установа ВМА го запалија интернетот. Целиот настан се случува во 1966 година во времето на Јосип Броз Тито, објави српскиот Курир.
Еден вселенски брод се урна во 1966 година кај селото Оточец во Словенија.
Леталото во облик на диск во ноември 1966 година загуби контрола над селото Оточец во Словенија во тогашна Југославија. Леталото удри во земја и експлодира. Од остатоците од леталото е извлечено телото на вонземјанин , кое било делумно запалено и пренесено веднаш на ВМА во Белград. Таму е направена обдукцијата.
Aутопсијата ја правеле хирургот Андреј Зоболи и патолозите Никола Јулиќ и Зоран Федериќ, а целата процедура е снимена. Фотографиите од аутопсијата ги сочувал внукот на еден од лекарите.
На триминутната снимка на обдукцијата се слуша само звукот од камерата и се гледа како лекарите детално го испитуваат секое делче од телото на вонземјанинот, објави Курир. инфо.рс.
Телото на вонземјанинот го видел и лично Јосип Броз Тито и и наредил на УДБА информациите да не ги дознае никој и тие да се чуваат во најстрога тајност.