Благајничката пет години се луксузирала со парите од болните пациенти


Благајничката од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје цели пет години водела луксузен живот со парите што биле уплаќани за болните пациенти за болничките услуги. Оваа проневера ја открила Управата за финансиска полиција, која се сомнева дека на контото на благајничката легнале ни помалку ни повеќе туку 70.000 евра. Сепак, надлежните се посомневале дека бројките не се совпаѓаат, па била спроведена истрага. Сите докази воделе во правец кон благајничката Л.Н. (51), која завчера била уапсена. Против неа финансиската полиција поднела кривична пријава за проневера во службата. По извршениот распит, судија ~ одредил притвор од 30 дена.

pari evra 1Според информациите на Управата за финансиска полиција, благајничката богатството го стекнала во изминатите пет години односно од 2010 година откако била назначена за благајник, па с` до завчера кога била уапсена. Парите што шалтерските работници ги напалтувале од пациентите, наместо да ги уплати на банкарската сметка, ги присвојувала за себе и ги трошела за луксузен живот. За ова се посомневал менаџментот на Институтот откако утврдиле дека нешто е сомнително со висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите. Веднаш ја известиле финансиската полиција, која ја водела истрагата.

Финансиската полиција најпрвин спровела предистражна постапка и извршила детаљна контрола на книговодствената документација и жиро-сметката со која располага Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје.

– По извршената споредба на фискалната каса и уплатите на банкарската сметка беше утврдено дека благајничката во изминатите 5 години, кога имала потреба од поголема сума пари, си го присвојувала целиот дневен промет на Институтот. За да ги скрие трагите и да ја префрли вината на другите вработени во Институтот, ја криела и уништувала книговодствената документација – велат од Финансиската полиција.

Во домот ја пронашле исчезнатата интерна книга на Институтот

По наредба на Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, бил извршен претрес во домот на благајничката. Таму биле пронајдени поголем број каса-прими обрасци од Институтот, кои биле изготвувани при примопредавањето на парите наплатени од пациентите.

Во актовка во нејзиниот дом била пронајдена интерната книга од Институтот, која неодамна исчезнала од болницата, а во која биле забалежувани примопредавањата на дневниот промет собран од пациентите.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1