Во Колорадо се случила невообичаено страшна несреќа кога човек се прегазил самиот .Тој е веднаш хоспитализиран и се опоравува од бизарната несреќа, но сè уште е во критична состојба.
Според информациите на човекот му паднала запалена цигара врз палтото додека со возилото одел во рикверц, по што истрчал надвор во обид да ја истресе цигарата, но возилото продолжило да се движи па тој буквално бил прегазен од неговото возило.
Паднал на плочникот и едната гума му преминала преку главата. Тој е во критична состојба во болница, но лекарите велат дека ќе преживее.