Девојките од борделите ги молеле курдските борци да ги бомбардираат за да им ги скратат маките.
Младите жени од народот Јазиди кои беа киднапирани од своите домови беа продадени како сексуални робови. Една од нив им се обратила на курдските борци и ги замолила да го бомбардираат борделот во кој таа живее откако е киднапирана.
Борделот во кој се присилно работи девојката се наоѓа во западен Ирак, а за време на бруталниот масакр на планината Синџар во август таа им се обратила на Курдите надевајќи се дека тие ќе и ги скратат маките.
Девојката им открила дека била силувана милион пати, што веќе не може ни во тоалет да оди. Таа им признала дека сака да изврши самоубиство, па дури и ако ја ослободат. Таа и додала дека истата судбина ја дели со многу девојки кои биле киднапирани од своите домови и продадени како сексуални робинки.
Курдските активисти го прераскажале нејзиното искуство на борците. Според нивните зборови, девојката ги замолила да го бомбардираат борделот.
-Ако знаете каде сме, ве молам бомбардирајте ме. Нема живот по ова. Во спротивно ќе се убијам, зошто другите беа убиени утрово. Денеска ме силуваа 30 пати, а не е ни пладне. Не можам да станам од болки за да отидам до тоалет. Ве молам, бомбардирајте не!, им кажала девојката на Курдите, пренесува Дејли Мејл.