Родителите кои одбиваат присилна вакцинација на своите деца се вчудоневидени од тврдењата на одредени здравствени авторитети во државата и нивната неинформираност во врска со користа и штетата од вакцините. Тие за жал, на мошне неразумен начин остануваат на своите тврдења дека користа од вакцините е неизмерна, а штетите од истите не постојат или се занемарливи.
На пример, на родителите не им било кажано дека вакцината може да предизвика тешки оштетувања на здравјето на нивното здраво дете. Не им било кажано дека детето може да остане траен инвалид, дека постои можност да развие дијабет и до крајот на животот да зависи од инсулин, дека може да добие воспаление на мозокот или мозочната обвивка, дека дури може и да умре. Знаете зошто тоа не им било кажано? Затоа што секој здраворазумски родител би ја одбил таа вакцина. Но зошто тогаш производителот на вакцината ги напишал сите тие последици во Упатството за употреба на вакцината? Ги напишал за да ги предупреди родителите. Сепак, од причини за нас неразбирливи, родителите не биле предупредени, некој друг во нивно име одлучил дека тие мора да го превземат ризикот на нивното дете да му се случи менингит или парализа или дијабет… Тој друг е здравствениот систем, државата, а од неодамна и Уставниот суд на РМ кој се стави над Уставот.
Дали некој им кажал на тие родители дека тој тежок ризик го превземаат за нивното дете да биде заштитено од детските болести додека е дете, но дека може да ги добие тие исти болести како возрасен со многу потешки последици, зошто дејството на вакцината е ограничено на максимум 10 години?
Затоа ние сега јавно прашуваме, кој се осмелува да одлучува за нас и нашите деца? Кој се осмелува да одлучува за нашето здравје и живот кое ни припаѓа нам и само нам, со самиот чин на раѓање? Кој се осмелува да се става над нас, на местото на Господ?
Ние, како подобро информирани родители, чувствуваме должност да ја информираме јавноста дека тоа не е точно, и дека Dr. Andrew Wakefield и неговото испитување кое потврди дека ММР вакцината е директно поврзана со појавата на аутизам кај децата се целосно потврдени како точни со уште 28 други студии и многу судски одлуки во САД и Италија.Тоа што Andrew Wakefield доживеа дискредитација пред 10 години, е само опомена до сите оние кои ќе се осмелат на било каков начин да се спротистават на моќните фарматевтски картели. Денес Wakefield работи како директор на Autism Media Channel и е основач на непрофитна истражувачка фондација – Strategic Autism Initiative (SAI).
И за крај, им порачуваме на нашите здравствени работници, без обзир дали работат во превентива, во примарна, секундарна или терциерна здравствена заштита да ги обноват, освежат и во согласност со новите испитувања во светот, да ги изменат своите застарени информации во врска со вакцините и соодветно да ги информираат родителите, со што ќе ја вратат довербата во здравствениот систем кај сите кои денес се прашуваат, за кого и во чија корист работат тие здравствени авторитети.
Додека ова не се случи, “антивакционото“ движење кај нас нема да стивне.
Реакција на родителите кои се залагаат за право на избор на вакцинациј