Две и пол години стариот шарпланинец Дико, чиј сопственик е Владо Каравилоски од Прилеп, пред неколку денови ја доби титулата најубав шарпланинец во Европа, на европскиот шампионат кој се одржа во Чешка. Каравилоски вели дека е многу горд на тоа што има најубавиот шарпланинец на целиот континент. На Дико ова не ми била прва изложба.![]()
„Во Македонија има учествувано на над 20 изложби, во Грција во Солун има учествувано на голема цацип изложба, а лани на европското првенство во Женева исто ја освои првата награда каде стана млад европски првак“, истакна за МРТ Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.
Љубовта на Каравилоски кон кучињата е огромна, освен Дико тој има и своја одгледувачница на шарпланинци кои ги продава дома и во странство. Вели дека за да се освои ваква награда потребно е голем труд околу кучињата.
„За подготвување за еден ваков настан е потребно многу работа. Потребна е голема физичка подготовка, потоа треба да се научи кучето да се покажува, на кинолошки јазик тоа се вика хенд лијнк или водење на кучето, кое што е најважна работа од се. Затоа што ако едно куче незнае да се покажува, тоа колку и да е убаво судијата нема да може да ги види убавите страни. Исто такам многу битна е и исхраната која треба да биде богата со минерали и витамини, без која не може да се извлече максимумот од едно куче“, додаде Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.
Ова е единствениот шарпланинец во македонската кинологија кој за само 2 години освоил две вакви значајни награди, малд и зрел европски првак.
За наредната година на светското првенство кое ќе се одржи во Милано, Италија, Каравилоски планира освен со Дико да настапи со уште неколку други свои шарпланинци.









