МНР ќе плати – телото на Дениса до понеделник ќе биде во Македонија


Телото на  23-годишната Дениса Маркоска кое треба да пристигне најдоцна до понеделник ќе го транспортира грчка погребална компанија а трошоците во целост ќе ги покрие Министерството за надворешни работи.denisa brod1

Родителите на девојката, во меѓувреме, до надлежните органи го доставиле и Изводот од матичната книга на родените на Дениса, како последен  документ кој бил побаран од нив за спроведување на транспортната постапката.

Иако во Македонија од 1994 година, со Закон е уредено државата финансиски да не учествува во вакви случаи, овој пат се прави отстапка и таа му излегува во пресрет на семејството Маркоски, со тоа што, како што пренесува Сител, осигурителната компанија “Сава осигурување”, преку која и Дениса била осигурана, средствата ќе и ги врати на државата.

Дениса Маркоска исчезна од бродот “Серенисима” на 12-ти септември во раните утрински часови. Женскиот труп, за кој се претпоставуваше дека е од несреќната девојка, беше пронајден на 4-ти октомври во близина на островот Карпатос, а примероци од ДНК од родителите на Дениса беа земени на 7-ми октомври, а на 23-ти октомври, резултатите им беа доставени на родителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1