Детали за застреланиот полицаец пред Мавровка


Полицаецот кој вчера беше ранет од огнено оружје позади „Мавровка“ се здобил со прострелна рана во рамото и по укажаната лекарска помош на Скопските клиники тој е пуштен на домашно лекување, информираат од Министерството за внатрешни работи, пренесува Телеграф.

10731211_10153326596954466_4208338952871012192_n

Инцидентот се случил во 23:10 часот позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. На полицаецот му пришле две непознати лица кои пукале во него.

Полицаецот не бил на должност ниту носел униформа. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на инцидентот.

Фото – Алсат

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1