Утринава најверојатно како резултат на градежни работи и инсталација дошло до појава на бел дим во една од кулите на Владата.
Заради превентивни причини, вработените од таа кула биле евакуирани.
Противпожарните служби се на терен.
Извршено е кршење на дел од фасадата за да се утврди што го предизвикало чадот.
Во другите кули, вработените се на работните места и работата се одвива нормално и тековно.