Локализиран е пожарот што изутрината околу 9 часот избувна во зградата на Валдата. Се запалила фасадата, при што пожарот зафатил дел од електричната инсталација.
МВР соопшти дека пожарот избувнал при изведување на градежни работи при поставување хидроизолација на кулата со број 4 на зградата на Владата дошло до запалување на фасадниот дел. Според командантот на Скопската против пожарна единица, Благоја Менковски направена е незначителна материјална штета и нема повредени бидејќи тој дел од објектот сe уште се реновира.
На гаснење на пожарот дошла екипа со шест противпожарни возила и многу бргу го изгасиле оганот. Пред десетина дена фасадата на Владата беше гранатирана и одговорноста ја презема извесна радикална групација НОА.