Прободената средношколка му удрила штикла по главата, па ја расекол со нож


Банална расправија била причината 14-годишник со нож да ја повреди својата шеснаесетгодишна девојка, завчера во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје, соопшти МВР. Инцидентот се случил околу 18.15 часот, на булеварот Kрсте Петков Мисирков. soobrakajka-mavrovka1

Таму скопјанката Р.А.(16) и нејзиното момче од село Бојане почнале банална расправија.

Додека се карале девојката го извадила чевелот и со дрвената штикла го удрила детето по главата. Тој, пак, револтиран од постапката на девојката извадил нож и двапати ја пробол во потколеницата. Веднаш по тепачката девојчето било однесено во Градската болница, каде што ~ била дадена лекарска помош по што била пуштена дома. Набргу по инцидентот полицијата го уапсила 14-годишникот.

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против двајцата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1