Жената на „волкот од Вол Стрит“: Mи даваше кокаин и тераше на секс со неговите партнери


Главни актери во запрепастувачката афера беа 42-годишниот Сејџ Кели, милионер и инвестициски банкар од компанијата Jefferies&Company, и неговата веќе бивша сопруга Кристина Ди Мауро Кели (39). На почетокот, сето тоа наликуваше на уште една обична брачна кавга.

Кристина Ди Мауро го тужеше Сејџ Кели, но парот на крајот успеа да се спогоди и таа го смени мислењето. Сепак е добар татко, вели Кристина.

Тоа беше бракоразводна парница од која стравуваше цел Вол Стрит – многу финансиски могули трепереа преплашено од обвинувањата за сексуални оргии, купови кокаин и ултимативна декаденција. Таа овие денови, откако деталите од судот извесно време билдаа бројки на тиражи од весниците, на среќа на многу инволвирани, конечно заврши. Но, она што излезе во јавност за вистинските „волци“ од Вол Стрит нема лесно да се заборави.christina-sage-700x352

Сејџ поднесе барање за развод, а откако доби привремено старателство над своите ќерки (наводно врз основа на тоа што тајно ја снимал својата сопруга како шмрка кокаин и пие во нивниот стан на Петтата авенија), на Кристина ѝ „пукна филмот“ и поднесе противтужба во која не само што тврдеше дека нејзиниот сопруг е сериозен зависник од алкохол и кокаин, како и злоставувач на деца, туку и дека ја присилувал на секс со неговите потенцијални деловни партнери, со цел да склучи зделка со нив.

Одиме да се замениме

Освен неговото, Ди Мауро спомена и низа други имиња од финансискиот свет, па одеднаш на Вол Стрит почнаа да се прават тестови за дрога и да се изнесуваат известувања во кои се негираат обвинувањата.

Ди Мауро, на пример, во својот извештај детално опишува настан од Бостон во 2012 година, кога Кели ја присилил на сексуален однос со Марк Бир, шеф на Aegerion Pharmaceuticals, со кој сакал да склучи деловна зделка.

Таа и нејзиниот сопруг таа година во една прилика се дружеле со Бир и Бјорн Коч, еден од директорите на UBS.

„Вечерта започна во бар во хотелот Риц Карлтон. Сите во групата пиеја алкохол и земаа кокаин, освен возрасните синови на Марк кои само на кратко ни се придружија. Потоа ние шестмина се повлековме во станот од Бјорн каде девојката од Марк, диво танцувајќи, ја соблече маицата и ги покажа своите вештачки гради“, наведува Кристина, „а крај неа на каучот набрзо седна и Марк, велејќи ѝ дека е прекрасна“.

Нејзиниот сопруг Сејџ, како што тврди таа, со одобрување гледал како неговиот иден деловен партнер почнува да ја допира неа.

„Завршивме во собата каде што бевме сместени со Сејџ. Повторно шмркавме кокаин. Во собата имаше два кревета. Набрзо јас и Сејџ се сексавме на едниот, а Марк и неговата девојка на другиот. Тогаш Марк рече да се замениме“, тврди Кристина.

Таа додава дека во тој момент не знаела што да прави, а кога Марк сугерирал дека таа би требало да води љубов со неговата девојка, Кристина, незадоволна од предлогот, гледала во правец на својот сопруг со цел да види некоја негова реакција, поточно да види што мисли тој за тоа. Бил преуништен, тврди Ди Мауро.

„Размислував за неговата цел да обезбеди бизнис со Марк и се чувствував одговорна да не го разочарам Марк. Така, јас и девојката од Марк неколку минути бевме во сексуален контакт, додека Марк и Сејџ гледаа. Тогаш Марк девојката од Марк му се придружи на Сејџ во креветот и почна да води љубов со него, додека јас отидов кај Марк. Следното утро Сејџ беше бесен кон мене, велејќи дека не можел да поверува оти сум била со Марк“, раскажуваше Кристина.

Секс во базенот

„Но, после таа вечер, Марк стана важен клиент на Сејџ и значајна причина за доста успешната кариера на Сејџ во Jefferies&Company“, тврди Кристина.

И тоа не беше сè. Сејџ, тврди бившата организирачка на настани за Ralph Lauren, често ја наговарал на секс во трјока, како и дека доста често ја изневерувал за време на нивниот 12-годишен брак, меѓу другите, и со сопругата од својот деловен соработник со кој, пред нивни очи, завршил во базен во нивната викендица во Саг Харбор.razvod-kao-wwst-05

„Го викна својот деловен колега Данг Нгујен и неговата сопруга Џесика, да се дружиме некое време во нашата викендица во Саг Харбор. Една вечер, кога децата отидоа на спиење, ние пиевме и земавме кокаин, а потоа сите четворица отидовме да пливаме во базенот“, се потсетува Кристина.

Во еден момент Данг отиде да спие, а Кристина имала што да види. Чула стенкање и воздишки и го видела својот сопруг како пред нивни очи се секса со Џесика во базенот. И Марк и Данг ги негираа претходно споменатите аздиси.

Таа тврди дека нејзииот сопруг бил целосно избезумен од дрогата и дека често претерувал со консумирањто. Услов Кристина да води љубов со него бил да шмркнат по една црта кокаин и да се опијат, а тој, дури и откако го родила нивното прво дете, ја наговарал да зема дрога.

Таа сама прв пат пробала кокаин кога тие двајца биле уште пар, и признава дека има проблем со тоа. Моментално е на одвикнување од зависност, а своевремено дури и го провалувала сефот од Сејџ за да дојде до дрога. Но, тој, иако пред судот се претставуваше како целосно чист, бил уште полош, што може да се заклучи од нејзиното обвинение. Своевремено толку се имал издрогирано, што останал без чевли и се обидел бос да испешачи неколку километри до дома, а во Саг Харбор одржувал и „ден за печурки“.

„Толку беше надвор од контрола, што пријателите и деловните соработници му ја сокрија ќесата со печурки, од страв да не се предозира. Сите бевме ужаснати кога го видовме како ни се приближува со лице извалкано со крв. Ни викаше дека ја нашол ќесата“, се потсетува таа, додавајќи дека во една прилика, еден нивни пријател, оставил ќесичка со кокаин на масата за билијард која ја пронашла нивната ќерка. Кристина се појавила во последен момент и го спречила девојчето да проба од содржината.530542_sejdz-keli-foto-youtube-tomonews-us_ff

Сејџ, исто така, додава таа, безброј пати целосно се уништил од дрога, дотолку „здробен“ што вршел голема нужда во кревет или на подот во спалната соба, или пак, уринирал по ѕидовите во неможност да го најде WC-то. На една забава која ја организирал за своите колеги, почнал да уринира пред нив покажувајќи им го половиот орган.

„Му го вратив пенисот во панталоните, бидејќи тој не можеше сам да го направи тоа, и замолив двајца од неговите колеги да го однесат во спалната соба“, открива Кристина, која како личности со кои таа и нејзниот сопруг уживале во наркомански сеанси ги наведува и Бен Лорел, шеф на Jefferies&Company, Марк Хосни, директор на Myriad Solutions и Клеј Сигал, шеф на Seattle Genetics. Нормално, сите со ред го негираат обвинувањето.

Го нападна Сејџ и како родител, тврдејќи дека ги злоупотребувал нивните две ќерки – Камерон (10) и Логан (6), постојано нарекувајќи ги „ебени ретадирани идиоти“. Една од нив, во една ситуација, и ја удрил, а редовно ги плашел кога бил под дејство на дрога.

Сејџ, пак, во својата тужба опишува дека во една ситуација, Кристина излетала со нивниот Range Rover во базен, додека во него биле и нивните ќерки. Таа за тоа своевремено беше и уапсена, меѓу другото и поради загрозување на доброто на децата и возење под дејство на алкохол.

„Таа и јас рекреативно земавме дрога на одредени социјални настани во минатото. Но, приказната за ’волкот од Вол Стрит’ која ја раскажува пред судот е чиста фикција“, тврди Кели.

Сепак, на крајот, целата судска драма, колку и да се чинеше непоправлива, доби среќен епилог. Парот се договори за заедничко старателство кое, како што тврди Кристина, било нејзината цел, а не парите, односно седумте милиони долари кои таа ги побара во бракоразводната парница, за на крајот да додаде дека Сејџ, сепак, е „одличен татко“ и се извини на неговата компанија.

Условите од постигнатата спогодба не беа објавени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1