Млада девојка од село Делогожда, струшко, се води како исчезната.
Како што информира МВР, вчера наутро во полициската станица во Струга, Л.Ш.(44), пријавил дека истиот ден околу 02:15 часот од дома се оддалечила неговата внука А.Р.(26) од истото село. До моментот на пријавување, таа не се вратила дома.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.