ТРАГИЧНО:3-годишното дете починало од истоштеност и замрзнатост


Во месноста Суитлак во близина на Струмина чешма  вчера беше пронајдено телото на тригодишното дете од Штип кое исчезна во вторникот.

detencetooo

Извршен е увид, а по извршена обдукција е утврдено дека смртта настапила како резултат на истоштеност и замрзнатост.

Обдукцијата што била направена врз телото на тригодишното дете од Штип кое беше исчезнато и по три дена најдено мртво во месноста Струмина Чешма, покажала дека немало траги на насилство. Во СВР Штип информираат дека според обдукцискиот наод, детето починало од премрзнатост и од истоштеност.

Семејството Сулејманови, родителите, двете сестри и трите братчиња од вчера се во шок откако дознаа дека најмалиот член на семејството е мртов.

– Чинар, никогаш не одел далеку и тој не можел сам да отиде кај Струмина чешма која е далеку повеќе од еден километар. Сигурно бил одведен од некого и намерно оставен да премрзне или да умре од глад- со солзи во очитетврди мајката на детето.

Блиски роднини на семејството се сомневаат и откриваат дека дететото можеби е жртва на крвна одмазда спрема Сулејманови за некој случај пред 20 години, но не можат да откријат кој можел да го одведе детето толку далеку и да го остави во шумата со цел да премрзне и од глад да умре. По овие најнови моменти, како што дознаваме , полицијата продолжува да работи на случајот, пишува Вест

Мајката последна разбра дека 3 годишниот Чинар е мртов

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1