Кривична за инспекторите кои не му го одзеле пиштолот на тројниот убиец од Кавадарци


По направените сеопфатни проверки околу несоодветно постапување и можно прекршување на процедурите во врска со неодземањето на оружјето и дозволата за оружје на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР утврди низа пропусти кај двајца полициски службеници Д.Т. и Д.К.од НК за КР при ПС ОН Кавадарци и против нив ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Имено, констатирано е дека двајцата полициски службеници спротивно на нормативите не постапиле во два случаи, односно следствено на прописите не повеле постапка за одземање на оружјето и дозволата за поседување на истото, иако за тоа имале законски основ.

sud-500

Во првиот случај на 27.08.2014 од ПС од ОН Кавадарци, од страна на инспекторот Д.Т. до ОЈО Кавадарци поднесена е кривична пријава за кривично дело по чл.130 став 2  вв ст.1  КЗ на РМ (“нанесување телесна повреда“) при што биле исполнети условите за одземање на пиштолот кој го поседувал Т.С. со дозвола, врз основа на инструктивна телегрма од Директорот на БЈБ. Во телеграмата е појаснето дека при поднесување на кривични пријави против лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело за кое се гони по службена должност и поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоци со елементи на насилство, од страна на полицискиот службеник кој работи на случајот задолжително да се провери во евиденциите дали лицето поседува дозвола за оружје односно дозвола за носење на оружје и истите заедно со оружјето и муницијата привремено да се одземат и за тоа да биде известен судот.

Во вториот случај констатирано е дека инспекторот Д.К. во текот на подготвувањето на кривичната пријава за сторено кривично дело по член 198 ст.1 од КЗ на РМ (“одземање малолетно лице“) против Т.С. поднесена на 10.11.2014  исто така не постапил согласно погоре наведената Телеграма иако биле исполенти условите за одземање на пиштолот што го поседувал.

СВКПС против двајцата инспектори ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело –  “несовесно работење “ по чл. 353-в од КЗ на РМ.

Констатирано е дека полициските службеници Д.Т. и Д.К. согласно член 16 од Кодексот на полициска етика во конкретните случаи постапиле спротивно на член 141 ст 1,точка 8 и 15 од Законот за внатрешни работи. Исто така согласно член 216 од Колктивниот договор на МВР непосредниот раководител до Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност ќе поднесе предлог за инспекторите Т.Д. и Д.К. за поведување постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина согласно член 207 ст.1, т.8 и 15 од Колективниот договор на МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1