Вчера околу 12 часот Симе.Ѓ од Битола, кој одлегувал крави во демирхисарското село Брезово бил нападнат од бик тежок 400 килограми. Бикот му нанел тешки телесни повреди на главата и телото, а битолчанецот некако успеал да телефонира кај својот син за помош.
Тој веднаш бил префрлен во Здраствениот дом во Демир Хисар, а од таму со возило во Клиничкиот центар во Битола кој за жал на пат кон болницата им подлегнал на повредите пренесува канал77.