Бројот на починатите лица во Италија по примената вакцина против грип, произведена од швајцарската фармацевтска компанија Новартис се искачи на 13 лица, соопштија денеска здравствените власти во Италија, јави германската новинска агенција ДПА.
Италијанската фармацевтска агенција упати повик да не се создава паника и потенцираше дека засега нема докази дека вакцината е причината за смртните случаи. Агенцијата дополни дека забранила две серии од продуктот, наречен ФЛУАД, но само како мерка на претпазливост.
Од утре Европската агенција за лекови ќе почне да го анализира проблемот и до четврток ќе ги соопшти резултатите од истрагата.