Њујорк е во голема опасност – од потоп!


Градот има речиси девет милиони жители, големи културни, историски и финансиски ресурси но истовремено многу брзо се приближува кон опасната зона на климатски промени.

Бизнис инсајдер пишува дека организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го вброила овој град меѓу десетте во светот што се изложени на најголема опасност поради порастот на нивото на морињата и се предвидува дека до 2070 година дури 2,9 милиони луѓе и имот во вредност од 2,1 илјади милијарди долари ќе бидат погодени од поплави предизвикани од бури.njujork potop

Ураганот Сенди, кој имаше разорни последици е прво предупредување за опасноста што може да ги очекува во иднина.

 

Ураганот Сенди удри безмилосно и е само еден „симптом“ на глобалното затоплување. Силните ветришта уриваа куќи и електрични водови, уништуваа автомобили и кршеа куќи. Водените „ѕидови“ рушеа брани, голтаа куќи и го парализираа сообраќајот.

Ураганот Сенди беше само вовед за она што ќе им се случува на идните генерации.

 

Од средината на 19 век до сега нивото на водата во близина на Њујорк пораснало за речиси 3,5 метри, а со самото тоа, веројатноста дека опасни бранови ќе ја совладаат браната на Менхетн денес е 20 пати поголема отколку пред 170 години.njujork

Њујорчани ќе бидат соочени со екстремни температури и ќе мора да се навикнат на жештини. Се очекува дека просечната температура во периодот јуни-август до 2070 година ќе изнесува 33 степени, додека сега е 27 степени. Секоја година во жештините страдаат 2.000 Американци, а најмногу смртни случаи има во најголемите градови.

 

Ниту еден растителен или животински вид од оние што живеат во шумите во околината на Њујорк нема да го преживее зголемувањето на температурите.

Сепак постои план на данската компанија Бјарке ингелс кој предвидува опкружување на долниот дел на Менхетн со вештачки насипи, градини и зелени брегови со вкупна должина од 16 километри. За проектот „Големото У“ веќе се одобрени 350 милиони долари од државните средства, а изградбата треба да почне во следните неколку години.

 

Проектот за Бронкс наречен Хантс Поинт лајфлајнз опфаќа изградба на брани и системи за транспорт на продукти во градот преку вода, поради приспособувањето на порастот на нивото на морето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1